Интер, синоќа на „Олимпико“ ја покажа моќта, го декласира Лацио со 6:0, во последниот натпревар од 16.коло во Серија А.

Одговорноста за историскиот дебакл ја презеде тренерот на Марко Барони. Лацио го доживеа најтежкиот пораз на домашен терен во клупската историја.

„Жал ми е за тимот и навивачите, преземам одговорност. Одигравме добри четириесет минути, но тоа не беше доволно. Потоа, тимот се распадна. Не го контролирав тимот од емотивна гледна точка и затоа преземам целосна одговорност. Веќе разговарав со играчите. Ова не може да му се случи на тим како нас, ја изгубивме присебноста. Тимот не може вака да се распадне“, рече тој.

Барони го препиша тешкиот пораз делумно на напорниот распоред и на „уморните нозе“.

„Но, не можете да изгубите вака. Не смее да се случи екипа како нашата едноставно да го загуби патот. Имаше моменти на лоша среќа, но тоа не е оправдување. Разбирам дека има замор по толку натпревари, но тимот не може така да се распадне и јас целосно ја преземам одговорноста“.

Лацио остана на петтото место на табелата со 31 бод, шест помалку од водечката Аталанта, додека интер има натпревар помалку и три бода помалку од лидерот во Серија А.

Текстот (Видео) Тренерот Барони ја презеде одговорноста за историскиот дебакл на Лацио е превземен од МАКФАКС.