Кога Доналд Трамп првпат се кандидираше за претседател во 2016 година, тој вети дека ќе ја води земјата како бизнис: „да го исцеди мочуриштето“ на корумпирани бирократи, да користи даночни дупки за да го задржи протокот на пари и да ги води операциите „по буџет и пред предвиденото“.
Токму тоа е визијата што Тод Лајонс, вршител на должноста директор на Управата за имиграција и царина на САД, ја има за иднината на депортациите во САД.
Говорејќи на Border Security Expo претходно оваа недела, Лајонс буквално рече:
„Мораме подобро да научиме како да дејствуваме како компанија… како ‘Амазон Прајм“, но со луѓе“.
Изјавата на Лајонс се вклопува со реториката на неколку говорници кои на собирот рекоа дека администрацијата на Трамп зависи од приватниот сектор за да ја спроведе својата политика за масовна депортација, пишува „Аризона Мирор“.
„Потребни ни се повеќе кревети, ни требаат повеќе авиони и знам дека многумина од вас се тука за тоа“, рече Том Хоман, „царот на границата“ на Трамп.
Лајонс понатаму нагласи дека сонува да вгради вештачка интелигенција во системот за имиграција за да ги „ослободи креветите“ и „да ги наполни авионите“.
Со други зборови, целта е да се извлечат луѓето од САД што е можно побрзо, без оглед на правните процедури и без да се поставуваат премногу прашања.
Текстот (Видео) „Треба да функционираме како ‘Амазон Прајм’ само со луѓе“, рече директорот на Управата за имиграција на САД е превземен од МАКФАКС.