Камерите забележале наизглед напната расправија меѓу Доналд и Меланија Трамп додека со хеликоптерот се враќале во Белата куќа по посетата на Обединетите нации во Њујорк.

Снимката, објавена од „Скај њуз Арабија“, го прикажува претседателскиот пар како седат еден спроти друг додека хеликоптерот слетува на тревникот на Белата куќа. На видеото се гледа како 55-годишната Меланија одмавнува со глава и гестикулира кон својот 79-годишен сопруг, кој ѝ возвраќа со вперен прст кон неа.

@skynewsarabia جدال حاد بين ترامب وميلانيا داخل مروحيتهما #سوشال_سكاي ♬ original sound – SkyNewsArabia

Посетата на Њујорк беше обележана и со неколку непријатни моменти. Пред обраќањето на Трамп во седиштето на ОН, подвижните скали на кои стоеле тој и Меланија ненадејно застанале.

Конзервативните медиуми веднаш го нарекоа инцидентот „саботажа“, а Џеси Вотерс од „Фокс њуз“ дури предложи зградата на ОН да се урне. Портпаролот на ОН подоцна појасни дека камeрман од американската делегација случајно го активирал механизмот за стопирање.

Набргу потоа, додека се подготвувал за говор пред светските лидери, Трамп се соочил со дефект на телепромптерот  (т.н. идиот – уред што прикажува текст, најчесто говори или скрипти, на екрани поставени пред говорникот или камерата), па морал да направи пауза од околу 15 секунди.

„Можам само да кажам дека оној што управува со ова е во големи проблеми“, изјавил Трамп.

Во интервју за Fox News, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, се закани со последици:

„Ако откриеме дека вработени во ОН намерно се обиделе да му подметнат сопки – буквално да му подметнат сопки на претседателот и првата дама на САД – тогаш подобро да одговараат за тоа. Јас лично ќе се погрижам,“ изјави таа.

Својата порака ја повтори и на социјалните мрежи: „Ако некој во ОН намерно ги стопирал подвижните скали… треба веднаш да биде отпуштен и истражен.“

Левит потсети и на напис од Times of London, во кој се наведува дека вработени во ОН се шегувале дека ќе ги исклучат скалите и ќе кажат „немаме пари“, алудирајќи на американското намалување на финансирањето за организацијата.

Текстот (Видео) Трамп и Меланија снимени во напнат дијалог: таа одмавнува со главата, тој го впери прстот е превземен од МАКФАКС.