Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги помести границите на извршната власт, ќе депортира милиони имигранти, ќе обезбеди одмазда против неговите политички непријатели и ќе ја промени улогата на САД во светската сцена.
Заклетвата беше преместена во затворен простор за прв пат по 40 години поради екстремниот студ. Свечената инаугурација, која вообичаено се одржува надвор од Капитол, беше преместена внатре поради големиот студ.
Трамп ги потпишува своите први извршни наредби пред преполната арена.
„Можете ли да замислите Бајден да го прави ова? Јас не би рекол така“, рече тој.
Пенкалата со кои ги потпишуваше прописите ги фрли во публиката.
Тој потпиша одлуки за итно замрзнување на овластувањата на „бирократите на Бајден додека новата администрација целосно не ја преземе контролата“.
Понатаму, одредба за привремено замрзнување на вработувањето, со исклучок на војската.
Понатаму, одлуката за повлекување од Парискиот договор за климата, крај на владината цензура на говорот, одредба која бара од сите федерални агенции да ги зачуваат сите записи поврзани со „политичкиот прогон“ за време на претходната администрација и одредба за враќање на федералните работници да работат во канцеларии.
Текстот (Видео) Трамп ги потпиша првите извршни наредби пред преполната арена: Можете ли да замислите Бајден да го прави ова, не би рекол е превземен од МАКФАКС.