Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина на индонезискиот остров Бали, објави утрово Метро ТВ, повикувајќи се на Агенцијата за пребарување и спасување на Индонезија.

Бродот „КМП Туну Пратама Џаја“ потона речиси половина час по напуштањето на пристаништето Кетапанг во Источна Јава, соопшти агенцијата, без да наведе можна причина. Потрагата по исчезнатите е во тек, се додава во соопштението.

Според списокот на лица кои се качиле на фериботот, имало 53 патници и 12 членови на екипажот, објави агенцијата, додавајќи дека на бродот имало и 22 возила, од кои 14 биле камиони.

Текстот (Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати е превземен од МАКФАКС.