Во видео кое кружи на социјалните мрежи, а истото на својот профил на мрежата Икс го објави и Ал Џезира Балканс, група доброволци од Србија кои дошле да се борат за Русија и рускиот народ, се жалат и бараат од Путин, министерот за одбрана и другите институции на Руската федерација да им помогнат, бидејќи биле лошо третирани како наркомани и алкохоличари.
“Dočekani smo kao narkomani i alkoholičari”, požalila se grupa dobrovoljaca iz Srbije u ruskoj vojsci predsjedniku Vladimiru Putinu na loše uslove u Ukrajini. Loše su tretirani, zvali su ih cigani i pitali zašto su došli, kaže i Dejan Berić, nekadašnji dobrovoljac iz Srbije. pic.twitter.com/56UZXYSN5R
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) January 10, 2024
„Бевме пречекани како наркомани и алкохоличари“, му се пожалиле на претседателот Владимир Путин група доброволци од Србија во руската армија за лошите услови во Украина.
На српските доброволци им биле дадени по еден автомат, и како на кого, по една, две, а на некого ниту една рамка со муниција. Кога побарале дополнително оружје, им рекле самите да заробат во борба, а не ги добиле ниту ветените облека и обувки.
Еден од српски платеници, кои руските офицери од 119-та бригада ги тепале и постапувале кон нив како со кучиња, полошо од осудениците, течно зборува руски додека се жали на „топлиот“ пречек од руските “браќа“ и тврди дека целата опрема си ја купиле со свои пари.
Беа лошо третирани, исмевани, ги нарекуваа цигани и прашуваа зошто дошле, вели Дејан Бериќ, блогер и поранешен доброволец од Србија.
Тој понатаму тврди дека тие биле нападнати од руската воена полиција која пукајќи во воздух, ги тепала со кундаци, им скршиле неколку глави и ги удирале по уста невооружените српски доброволци.
После „пријавување“, нема каење.
Драган Мишев