Србија не успеа да се избори за место во четвртфиналето во Лигата на нации. За разлика од Србите, Хрватите успеаја да влезат меѓу осимте најдобри, со тоа и да бидат во првиот шешир кога ќе бидат извлечени квалификациските групи за пласман на Светското првенство.

На Србија и беше потребна победа против Данска. Одиграа Србите добар натпревар, упатија 22 удари кон голот на Шмајхел, но пред сите Влаховиќ, Митровиќ и Живковиќ не беа прецизни. Имаа и Данците свои шанси, конкретно три големи, еднаш голманот Петровиќ брилијантно одбрани, потоа Митровиќ од гол линијата ја исфрли топката во поле, а во вториот дел ударот на Ериксен заврши крај голот.

Шпанија и со комбиниран тим ја совлада Швајцарија. По ремиот 0:0 во првото коло против Србија, Шпанците нанижаа пет победи. против Швајцарија меч-винер беше играчот на Баерн, на позајмица во Осасуна Брајан Сарагоса кој погоди во 93.минута.

На Хрватска против Португалија во Сплит и беше потребен бод за да го обезбеди второто место и во тоа успеа кога Гвардил го совлада Жозе Са во 65.минута. Претходно Португалците поведоа со голот на Жоао Феликс.

Шкотланѓаните во Варшава, слично како и Шпанија славеа со гол во 93.минута. Голот за победа го постигна играчот на Ливерпул, Робертсон. Претходно Шкотска дојде до предност преку Мекгин во третата минута, а во 59.минута изедначи Пјатковски.

Текстот (Видео) Србија не успеа да влезе меѓу осум во А дивизијата, Хрватска се пласира во четвртфиналето е превземен од МАКФАКС.