Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира и е безбеден, потврдија официјални лица.

Авионот доживеал „неисправност при летот“ и пилотот можел да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд, командант на 354-то борбено крило, според извештајот на Асошиејтед прес. Несреќата се случила при слетување за време на вежба, се вели во извештајот.

Драматичната снимка од несреќата брзо се прошири низ интернет. На снимката се гледа како авионот вртоглаво паѓа кон земјата пред да експлодира при удар. Во позадина може да се види продолжен падобран кој полека лебди кон земјата. Портпаролот на воздухопловните сили подоцна ја потврди автентичноста на снимката за Си-би-ес Њуз.

Текстот (Видео) Снимено уривањето на моќниот американски авион Ф-35 на Алјаска е превземен од МАКФАКС.