Во Соединетите Американски Држави две лица загинаа кога мал товарен авион удри во напуштена зграда во близина на аеродромот во Хонолулу, Хаваи, пишуваат американските медиуми.

Властите соопштија дека мал товарен авион на тренинг лет удрил во напуштена зграда веднаш по полетувањето од аеродромот и се запалил, при што загинале две лица.

Летот 689 на Камака Ер се урна во зградата на меѓународниот аеродром Даниел К. Инује во вторникот околу 15:15 часот, се вели во соопштението на Федералната управа за авијација.

На снимката се гледа како авионот влегува во дел од аеродромот на мала височина и потоа удира во зграда, испуштајќи густ црн чад.

Текстот (Видео) Снимен моментот кога авион удри во зграда на Хаваи, загинаа двајца пилоти е превземен од МАКФАКС.