Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер во централните Филипини, а официјалните лица стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми додека спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградите утрово.

Земјотресот го погоди брегот на градот Бого во покраината Себу во централниот регион Висајас, кратко пред 22 часот по локално време во вторник, предизвикувајќи прекини во електричната енергија и уривање на згради, вклучувајќи и црква стара повеќе од 100 години.

Моментот на земјотресот е снимен од камера од автомобил.

Текстот (Видео) Снимен момент кога силниот земјотрес ги погоди Филипините е превземен од МАКФАКС.