Меган Маркл уште еднаш нè убеди во нејзината љубов кон едноставен, но софистициран стил, што го покажа и за време на едно појавување во Њујорк на кое присуствуваше со својот сопруг, принцот Хари.
Таа носеше трендовски беж костум; широки панталони и соодветна јакна изработена од свиленкаст материјал, дизајнирана од модната куќа „Ралф Лорен“. Интересно е да се напомене дека убаво и модерно одело чини дури 5.000 евра, а софистицираните парчиња се продаваат одделно.
Уште еден хит со кој никогаш не можете да погрешите е белата кошула што Меган вешто ја одбра за својата модна магија. Сето тоа го заокружи со модерни, кожни чевли, како и впечатлив, скап накит.
@ellegermany
И како што сме навикнати, Меган овој пат носеше блага, природна шминка, како и пуштена, малку брановидна коса.
Нејзиниот сопруг, принцот Хари, исто така беше во својот препознатлив стил; во елегантно темно син костум, па изгледаа многу координирано заедно, а Меган доби бројни комплименти на социјалните мрежи.
@accesshollywood #MeghanMarkle ♬ original sound – Access Hollywood
„Изгледа навистина убаво“, „Облеката е одлична“, „Го обожавам овој стил, секогаш изгледа елегантно“, „Облеката е совршена, а таа е прекрасна жена“, се само неколку од нив.
Текстот (Видео) Сите се воодушевени од изданието на Меган Маркл од 5.000 евра: „Совршено е, а таа е прекрасна“ е превземен од МАКФАКС.