Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди медитеранскиот брег на Турција, односно градот Мармарис, објави синоќа Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), едно 14-годишно момче починало поради паника, а 69 се повредени.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаџа објави дека 14-годишниот Афранур Гунлу, кој бил однесен во болница поради напад на паника, починал.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во Средоземното Море на длабочина од 67,91 километри и дека се случил во 02:17 часот наутро, како и дека бил почувствуван во соседните региони, вклучувајќи го и грчкиот остров Родос, објави турската телевизиска станица НТВ.

Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбиџик, изјави дека луѓето се претежно повредени додека скокале од прозорци или балкони во паника, но дека нема веднаш извештаи за поголема штета.

Текстот (Видео) Силен земјотрес во Турција: има починати и повредени е превземен од МАКФАКС.