Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени откако рано утринава се урна покрив на ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, соопшти Центарот за вонредни операции (ЦОЕ).
Директорот за вонредни ситуации рече дека спасувачките екипи ќе бидат на терен се додека постои можност некој да е жив под урнатините.
#DePlaneta | El techo de la discoteca Jet Set, ubicada en Santo Domingo, colapsó esta madrugada durante la presentación del cantante de merengue Rubby Pérez, quien también quedó atrapado entre los escombros. <imgsrc=”” alt=”📹” class=”wp-smiley”>: Cortesía pic.twitter.com/4Cree5HvNl
— Diario El Salvador (@elsalvador) April 8, 2025
Спасувачите се обидуваат со термички сигнали да утврдат колку луѓе се под урнатините.
„За жал, досега имавме 15 смртни случаи. Се надеваме дека ќе најдеме уште многу живи луѓе“, изјави за новинарите Хуан Мануел Мендес, директор на Центарот за итни операции (ЦОЕ), според аргентинскиот портал Infobae.
„Се додека постои надеж дека некој е жив, нашите тимови ќе работат на спасување на тоа лице. Не сме фокусирани на броење тела, ние сме фокусирани на слушање. Сè уште можеме да ги слушаме гласовите на луѓето кои бараат помош. Се додека е жив дури и еден човек, ние ќе бидеме тука”, рече Мендес.
„Нашиот град се буди за страшната трагедија што се случи во ноќниот клуб „Џет Сет“. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, а нашите мисли се со семејствата кои чекаат вести за своите најблиски“, изјави градоначалничката на Санто Доминго, Каролина Мехија де Гариго.
Досега се спасени и укажана им е лекарска помош 46 лица, соопшти Националната полиција.
Ноќниот клуб, познат по понеделничките забави со локални познати личности, имаше стотици луѓе за време на настапот на популарниот доминикански пејач Рубио Перес.
Екипите на итната помош продолжуваат да трагаат по преживеани додека се истражуваат причините за трагедијата. Исто така, постои сомневање дека пејачот Перез е заробен под урнатините.
На местото на настанот се испратени десетици возила за итни случаи и единици на Националната полиција, Националниот систем за вонредни ситуации и безбедност, пожарникарите, цивилната одбрана и Министерството за одбрана, а се стравува дека во наредните часови бројот на загинати ќе се зголеми поради фактот што неутврден број луѓе се под урнатините.