Три лица беа пронајдени загинати кога патролен авион на јужнокорејската морнарица се урна на југот од земјата, соопштија властите. Четвртото лице сè уште не е пронајдено, објавија јужнокорејските медиуми.

Јужнокорејската морнарица потврди дека патролен авион П-3 со четири члена на екипажот се урна во планина во југоисточниот град Поханг.

Воениот авион падна во 13:52 часот по локално време, објави „Јонап“.

Сведоци пријавија дека од планината се издига чад.

Спасувачи и противпожарни возила беа испратени на местото на несреќата откако добија извештаи од локалните жители дека паднал неидентификуван летачки објект и дека имало експлозија, објавија службите за итни случаи, пренесува АП.

Полициската станица Намбу во Поханг соопшти дека во несреќата учествувал патролен авион на морнарицата, но не можеше веднаш да потврди дали имало жртви или повредени.

Властите објавија дека немало цивилни жртви.

Текстот (Видео) Се урна воен авион во Јужна Кореја е превземен од МАКФАКС.