Украина ќе стане 33 или 34. членка на НАТО, која во моментов има 32 членки, изјави неодамна назначениот генерален секретар на НАТО Марк Руте на прес-конференција во Брисел.

„Во овој момент се чини дека Украина ќе влезе како 33-та членка, но пред неа може да влезе некој друг. Но, Украина во иднина ќе биде членка на НАТО. Така решивме во Вашингтон“, изјави генералниот секретар на НАТО.

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон напомена дека на вечерната средба во Брисел ќе се разговара за Планот за победа.

„Украина е на неповратен пат кон полноправно членство во НАТО, што е многу важно. Имаме многу да научиме од Украина кога станува збор за одбранбените иновации. Украина, исто така, има силни вооружени сили“, рече тој.

Текстот (Видео) Руте уверува дека Украина ќе стане членка на НАТО, но не кажува кога е превземен од МАКФАКС.