(ВИДЕО) РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛНИ ЦЕЛИ: Украина, 2 јануари 2024

Видеото во прилог прикажува само еден мал дел од деструкцијата што само во текот на денешниот ден (2 јануари 2024), ја предизвика рускиот ракетен терор врз цивилни цели во повеќе градови и населени места низ Украина, вклучувајќи го и главниот град, Кијив.

„Таргетирање на цивилни цели во војна е воено злосторство. Путин води неиспровоцирана геноцидна војна против независна и суверена Украина“ – е ставот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, кои издадоа соопштение веднаш по интензивирање на руските ракетни напади на 29 декември 2023.

 Фото и видео материјал обезбеден со љубезна поддршка од Амбасадата на Украина во Северна Македонија.

ЦИВИЛ ги осудува руската агресија и ракетниот терор против Украина и бара глобална поддршка за претседателот Зеленски и украинскиот народ