Пејачката Ријана излезе во јавност во проѕирна наметка со кристали и танга. Поради овој нејзин моден избор беше остро искритикувана.

Коментарите се објавени на веб-страницата на порталот Дејли меил.

Имено, 36-годишната Ријана се појави на ревијата на Алаја, која се одржа на 6 септември во рамките на модната недела во Њујорк. Пејачката се појави во светкав корсет и танга, над кои облече проѕирна наметка украсена со кристали.

Поп-пејачката на својот аутфит додаде обетки, дијамантски прстен и сандали на врзување со високи потпетици.

„Не знаев дека сега е модерно да го покриеш голото тело со завеса“, „Погледот одзади ме насмеа“, „Каква одвратна облека“, „Ријана изгледа незгодно и збунето“, „Ријана изгледа како да носи завеса за туширање“, гласат дел од бројните негативни коментари.