Страшните поплави во Шпанија однесоа многу животи, а сега на интернет кружат бројни снимки од хоророт што го снајде населението. Меѓу најневеројатните е онаа создадена во Арагон, која ја покажува силата на градба изградена пред околу 2.000 години.
Според пишувањата, браната во Алмонасид де ла Куба успеала да издржи голем наплив на вода.
Almonacid de la Cuba aliviando lo bestia. https://t.co/WskiMiZWQe pic.twitter.com/L7Y5yrs2iF
— Isaac Moreno Gallo (@imorenogallo) October 30, 2024
На ужасното видео јасно се гледа со каква сила се соочуваат граѓаните на Шпанија.
Како што е наведено, таа била изградена пред околу 2.000 години по наредба на римскиот император Август.
Се наоѓа на реката Агвасвивас и е висока 34 метри, поради што се смета за највисока од сите зачувани римски брани.
Текстот (Видео) Римската брана ја издржа поплавата во Валенсија: стара е 2.000 години е превземен од МАКФАКС.