Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона.

Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“.

Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја боја, бидејќи сите тимови се обврзани да ги претстават своите болиди заедно на специјален настан по повод 75-годишнината од Формула 1 во Лондон следниот вторник.

Британскиот тим ја освои титулата кај конструкторите минатата сезона, прва по 26 години, откако ја намали разликата зад Ферари и Ред Бул.

Официјалните предсезонски тестирања ќе се одржат во Бахреин, од 26 до 28 февруари.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 16-ти март со Големата награда на Австралија.

Текстот (Видео) Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1 е превземен од МАКФАКС.