Авион удрил во автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Пауло.

Лесниот авион се урна околу 7.20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Пауло.

Несреќата се случила во близина на аеродромот „Конгоњас“.

На социјалните мрежи кружат снимки од несреќата.

Во автобусот во кој удрил немало патници.

Нејасно е колку луѓе имало во авионот, а засега нема информации за повредени.

Текстот (Видео) Први снимки откако авион удри во автобус во Сао Пауло, спасувачите на терен е превземен од МАКФАКС.