Во објектот на компанијата „Драва интернационал“ во близина на приградската населба Бријест во Хрватска, 40 минути по полноќ, избувнал пожар во складиште за пластика на отворен простор, кој професионални и доброволни противпожарни единици се обидуваат да го локализираат, соопштија од градскиот штаб на Осиек.
Според заменик градоначалникот Драган Вулин, нема повредени лица, а екипите на итната помош интервенирале кај неколкумина пожарникари кои биле изложени на екстремно високите температури.
„Во самиот објект имаше складирани разновидни гасови и запаливи течности, кои се користат во процесот на производство и преработка на пластика. Од самиот почеток го имавме предизвикот како да го преместиме. Тој беше преместен на безбеден дел, кој не бил зафатен од пожарот“, истакна Вулин.