Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.

Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.

Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.

Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.

По победата од 3:1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4:0.

Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.

И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.

Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3:1.

Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.

Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.

Текстот (Видео) „Олд Трафорд“ го слави хет-трикот на Бруно, Одобер го однесе Тотенхем во четвртфиналето е превземен од МАКФАКС.