Силното невреме што го погоди Солун во четвртокот наутро предизвика проблеми кај населението.
Обилните дождови ги претворија главните патишта во реки, а локалните извештаи покажуваат дека шахтите пукнале под притисокот на водата, објавува „Товима“.
Πλημμύρισε το κέντρο της Θεσσαλονίκης και οι δρόμοι γύρω από το Βαρδάρη#tanea #taneagr #news #rain #βροχη #kairos #καιρος #weather #thessaloniki #skg #viral #summer #fyp pic.twitter.com/eYTi1EDe7y
— TA NEA (@ta_nea) July 31, 2025
Мотоциклист е повреден откако изгубил контрола на лизгава улица во центарот на градот, поточно на прометната авенија Цимиски.
Според анализите на феноменот преку страницата Weather Analysis на Фејсбук, за помалку од еден час се забележани 37 литри дожд на квадратен метар, количина што одговара на просечните вкупни врнежи од дожд за целиот месец јули, пренесува медиумот.
Службите за цивилна заштита се во состојба на готовност, бидејќи слични временски услови се очекуваат во наредните денови според прогнозите, објавува grtimes.gr.
Обилни врнежи од дожд се регистрирани во Солун, на Халкидики и Кукуш, како и планинските делови на Епир, Тесалија , Спорадиските Острови и некои делови од Тракија.
Фото: принтскрин
Текстот (Видео) Од топлотен бран до бури: силно невреме во Солун и на Халкидики е превземен од МАКФАКС.