Јувентус доживеа уште еден шок во Серија А. Во 16.коло, во Торино, Јувентус не успеа да ја победи последнопласираната Венеција. „Старата дама“ се спаси од пораз (2:2) од сомнително досуден пораз во последните секунди од натпреварот.
Натпреварот започна добро за Јувентус, Гати погоди во 19.минута за 1:0. Во 49.минута, Јилдиз постигна гол кој беше поништен поради играње со рака.
Во 61. минута Елертсон израмни, а потоа во 83. минута Идзес го комплетираше пресвртот. Јуве со ситте сили тргна во напад, но синот на Дејан Станковиќ, Филип на голот на Венеција, остана несовладан, се до последниот напад.
Коментарите се дека Јувентус доби непостоечки пенал за играње со рака. Сигурен реализатор беше Влаховиќ.
Јувентус остана на шестото место со 28 бода, девет помалку од водечката Аталанта.
Текстот (Видео) Од сомнителен пенал Јувентус се спаси од пораз против Венеција е превземен од МАКФАКС.