Руска делегација пристигна во Истанбул на преговори со американски претставници. Ова е втора средба во живо меѓу американски и руски претставници откога рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина пред три години. Првата се одржа неодамна во Ријад, без учество на претставници на Украина и ЕУ, што предизвика гласни критики од двете страни.

Како што јави Би-би-си, целта на средбата во Истанбул е да се решат несогласувањата во врска со работата на нивните амбасади во Вашингтон и Москва. Оваа средба доаѓа откога турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека Турција ќе одигра важна улога во завршувањето на војната во Украина.

Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во 2022 година Турција се обидува да ја преземе улогата на посредник одржувајќи блиски врски со двете страни – Украина и Русија.

Текстот (Видео) Нова средба меѓу Русија и Америка е превземен од МАКФАКС.