Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници, четврта по ред само оваа недела, соопштија официјални претставници од двете земји. Договорот за овие разменувања бил постигнат на почетокот на јуни во Истанбул, со посредство на меѓународни актери.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку објава на социјалните мрежи ја потврди најновата акција за ослободување на украински државјани од руски заробенички логори.
„Продолжуваме да ги ослободуваме нашите сограѓани од руско заробеништво, ова е четвртата размена за една недела“, напиша Зеленски, истакнувајќи го напорот на украинските институции да обезбедат повраток на своите војници.
Од другата страна, и руското Министерство за одбрана преку соопштение на Телеграм го потврди договорот.
„Во согласност со договореното, уште една група руски војници е вратена од териториите под контрола на Киев“, соопшти рускиот министер за одбрана Андреј Белусов.
Иако деталите за бројот на ослободени заробеници не беа веднаш објавени, од двете страни е нагласено дека размените се дел од постојан дипломатски канал што останува активен, и покрај жестоките борби на фронтот.
Текстот (Видео) Нов бран на надеж среде војната, Украина и Русија повторно разменија заробеници е превземен од МАКФАКС.