„Никој како ти“ е новата песна на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев. Станува збор за нова поп-песна, чиј автор на текстот, музика и аранжманот е Коста.
Видео спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, во централното градско подрачје, а е во режија на Billy D.
Во видео записот доминираат двајцата артисти, кои ја раскажуваат приказната на „Никој како ти“.
– Песната ја работевме во текот на летото, во студиото на Коста и уште на прва ми се допадна. Морам да бидам искрена и да кажам дека „Никој како ти“ ми има и ретро момент и малку ме потсетува на времето кога поп музиката во Македонија навистина беше на едно завидно ниво. Спотот го снимавме во една вечер, во Скопје. За време на снимањето навистина беше динамично, по малку ладно, но како екипа задоволни сме од крајниот резултат, посочува Тамара.
Коста со голема возбуда и радост говори за овој музички проект, кој е еден од неговите најголеми достигнувања во кариерата.
– Пресреќен бев кога артист од рангот на Тамара прифати да ја снимаме оваа песна. А, во врска со спотот… тоа е друга приказна. Уште во текот на сетот на сите им зборував дека имам и трема, и среќа и неверување дека снимам со Тамара Тодевска. Но, сите тие измешани емоции и чувства мислам дека уште повеќе придонесоа кон квалитетот на видео записот, исктакна Коста.
Текстот (Видео) „Никој како ти“ – нова песна и спот на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев е превземен од МАКФАКС.