Актерката Никол Кидман откри дека прекршила непишано празнично правило во Америка. Имено, Американците почнуваат да ги украсуваат своите домови со божиќни украси главно по Денот на благодарноста, кој е на крајот на ноември. Сепак, актерката не го почитува тоа правило.
Додека гостуваше во емисијата Late Show на Стивен Колбер, таа изјави дека многу рано ги вклучила светилките во нејзиниот дом.
„Да, имам светилки. Јас сум личност која пали светилки многу, многу рано. Ги ставивме на почетокот на ноември”, рече таа низ смеа.
Кога водителот ја прашал дали воопшто внимава на Денот на благодарноста, таа рекла: „Имаме голема прослава на Денот на благодарноста. Само сакам да ги запалам светилки. Значи ги имаме светилки вклучени. Им се извинив на сите соседи“.
Текстот (Видео) Никол Кидман го прекрши непишаното празнично правило: „Им се извинив на соседите“ е превземен од МАКФАКС.