Никол Кидман отворено проговори за загубата на нејзината мајка. Џенел Ен Кидман почина во септември, токму кога Кидман пристигна на филмскиот фестивал во Венеција. 57-годишната актерка минатиот викенд седна со новинарите на Си-би-ес за да разговара за тоа како се справува со тагата.

Таа ги сподели и последните зборови кои и ги кажала нејзината мајка.

„Последните зборови што ми ги кажа мајка ми, а јас не знаев дека ќе бидат нејзините последни зборови… Требаше да се качам во авионот и да се вратам да ја видам“, рекла Кидман. „И таа рече: „Успори малку, затоа што мислам дека сега треба да се грижиш за себе, Ники“.

„Затоа го правам тоа повеќе сега“, продолжи таа. „И тоа им го кажувам на другите луѓе, особено на жените. Мислам дека обично не се грижиме доволно за себе“.

Потоа се сети на зборовите кои и ги кажала баба и пред да почине: „Биди среќна“.

„Очигледно, јас сум постара мајка, па сакам да бидам долго време околу моите девојчиња“, рече Кидман. „Тие се неверојатни девојки и јас сум среќна што ги имам. Тоа што се грижам за себе значи дека можам да се грижам за нив“.

Текстот (Видео) Никол Кидман ги откри последните зборови на нејзината мајка е превземен од МАКФАКС.