Минесота Тимбервулвс со спектакуларен пресврт и едно продолжение забележаа победа во Оклахома 131:128.
„Шумските волци“ на теренот на лидерот во НБА лигата, направија еден од најголемите пресврти оваа сезона. Во еден момент кошаркарите на Минесота беа на -25, а во последната четвртина влегоа со негатива од 22 поени.
Последниот период го одиграа брилинантно го добија со 41:19 и се изборија за продолженија. Во дополнителните пет минути Шеј Гилџис-Александер доби блокада од Ентони Едвардс на 13 секунди до крајот кога Минесота имаше водство од еден поен, а потоа истиот играч на две секунди до крајот не успеа да погоди тројка.
Тимбервулвс беа предводени од Џејден МекДаниелс со 27 поени, 10 скока и четири асистенции, Наз Рид забележа „дабл-дабл“ со 22 поени и 11 скока, Никел Александер-Вокер уфрли 21 поен, а Ентони Едвардс запиша 17 поени и 13 скокови.
Кај Оклахома најефикасен беше Гилџис-Александер со 39 поени, 10 скока и осум асистенции, Џејлен Вилијамс постигна 27 поени со шест скока и шест асистенции.
Резултати:
Детроит – ЛА Клиперс 106:97
Вашингтон – Бруклин 107:99
Филаделфија – Чикаго 110:142
Индијана – Денвер 116:125
Атланта – Мајами 98:86
Оклахома Сити – Минесота 128:131
Јута – Портланд 112:114
Сакраменто – Шарлот 130:88
Текстот (Видео) Нестварен пресврт, Минесота од -25 до триумф над Оклахома е превземен од МАКФАКС.