Силна бура и обилни врнежи од дожд го погодија подрачјето на Умаг во Истра утрово.

До 7:30 часот наутро веќе наврнаа 84 мм дожд, а словенечката станица во Порторож исто така измери над 50 мм. Исто така, се регистрира екстремно силна активност на грмотевици, со речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа, а атмосферата не покажува знаци на смирување, објавува ИстраМет.

Порталот Неверин објавува дека наврнале 100 мм дожд за помалку од еден час.

За денес и утре во Хрватска е најавено нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици, а издадени се предупредувања за потенцијално опасно време за некои региони.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Невреме во Умаг: поплавени улици, речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа е превземен од МАКФАКС.