Две лица се повредени во центарот на Сиднеј откако силните ветришта урнаа дрво во Хајд Парк. Брза помош превезе едно лице во Св. Винсент со полесни повреди, додека на уште едно лице му била укажана лекарска помош.

Бурните ветрови предизвикаа и хаос на железничките линии и имаше огромни бранови на плажите во градот.

Дрво падна на шините во Св. Питерс што предизвика откажување на возовите. На патниците им се препорачува да користат метро или автобуси поради доцнење предизвикано од невремето. Исто така, неколку патишта беа затворени поради паднати дрвја и далноводи.

Екстремните временски услови не го поштедија ниту останатиот дел од земјата. Силните ветрови и дождот и понатаму предизвикуваат проблеми во Нов Јужен Велс, каде веќе се забележани бројни удари на гром, штети на имоти и земјоделски посеви. Повеќе од 33.000 домаќинства и бизниси останаа без струја бидејќи невремето придружено со огромен град и силен дожд ја опустоши областа.

Во Западна Австралија, жителите се подготвуваат за пристигнување на тропски циклон кој се заканува на крајбрежните области.

Метеоролошкиот институт предупредува дека циклонот би можел да достигне категорија 3, со ветрови од над 200 км/ч и обилни врнежи од дожд. Иако еден послаб циклон ослабе, се формира посилен кој му се заканува на брегот во текот на викендот.

Текстот (Видео) Невреме во Австралија: дрво падна врз луѓе во центарот на Сиднеј е превземен од МАКФАКС.