Познатата пејачка Никол Шерцингер беше фотографирана на пат кон студио во Њујорк, а во таа пригода ги шармираше сите во посебен црн фустан, малку неочекуван за нејзиниот вкус.
Навикнати сме убавата пејачка редовно да позира во бикини, а дури и кога е во фустан, акцентот е на нејзините гради, сепак, овој пат беше поинаку.
Никол Шерцингер покажа дека може да биде совршено елегантна, но и провокативна, без да открива речиси ништо.
Долгиот црн фустан со ситни прорезови ја следеше линијата на телото, а овој модел имаше висока јака и гол грб. Изгледа доста покриен со оглед на тоа што прорезовите допираат само под колената.
Тесниот фустан ги истакна сите нејзини атрибути, па повторно имаме многу комплименти за нејзиниот фантастичен изглед на 48 години, на кој, дефинитивно, многу помлади девојки можат да му позавидат.
Текстот (Видео) Најсексипилната жена на планетата во неочекувано издание е превземен од МАКФАКС.