Белата Куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти со текстот „На на на на, на на на на, еј еј, збогум“ во позадина.
Видеото беше објавено вчера, а многу брзо предизвика бран негодувања на социјалните мрежи. Многу корисници го нарекоа дехуманизирање.
Не е првпат администрацијата на Трамп да меша депортации со поп музика. Белата куќа пред неколку недели сподели уште едно видео. Текстот на песната е цитиран заедно со видеото, што е очигледна референца за „затворање“ и „заминување“.
Но членовите на бендот воопшто не биле задоволни од ваквата интерпретација на нивната музика. Бендот објави официјално соопштение во кое ја осудува употребата на нивната песна без дозвола и јасна порака до тимот на Трамп.
„Ние на кој било начин не ја одобривме употребата на нашата песна ‘Клосин тајм’“, напишаа „Семисоник“.
„Не не’ ни прашаа. Песната е за радоста, можностите и надежта и целосно ја промашиле поентата“, додаваат тие.
Нивниот одговор брзо се прошири на социјалните мрежи и беше прегледан повеќе од седум милиони пати, со коментари за поддршка од бројни фанови и музички колеги.
Многумина предложија бендот да поднесе тужба. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи. Имено, Ден Вилсон, фронтмен и главен автор на песната, го продаде целиот свој музички каталог во 2021 година на „Прајмари Вејв Мјузик Паближинг“. Тоа значи дека тие сега ги имаат правата на сите песни, вклучувајќи ја и „Клосинг тајм“, и на тој начин одлучуваат за можните правни чекори.
Текстот (Видео) „На на на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата е превземен од МАКФАКС.