Крит се чини дека се претворил во Сахара по огромниот бран прашина што го погоди островот во последните 24 часа, особено над Хераклион, објавува iefimerida.gr.
Градот беше покриен со прашина што пристигнала од пустината Сахара, а небото беше исполнето со ситни честички што се пренесени од Африка, правејќи ја атмосферата задушлива.
The island of Crete in the Mediterranean Sea was covered by a cloud of sand from the Sahara Desert pic.twitter.com/tuMtI9WOpD
— Sprinter Observer (@SprinterObserve) May 26, 2025
Во исто време, возилата, куќите, дворовите, улиците, па дури и дрвјата беа покриени со дебел слој африканска прашина, односно песок, според медиумот.
Жешкиот југозападен ветер и циклонот од Егејското Море повлекоа топол воздух и песок од Сахара, а температурата на Крит достигна 37 степени, а по продирањето на студениот фронт, се олади на 25 степени.
Според „Action24“, иако дебелиот слој африканска прашина не влијаел на земјоделските култури, интензитетот на феноменот ги принудил островјаните да користат голема количина вода за миење на куќите, дворовите и возилата, поради што залихите во браната Апоселеми значително се намалиле во последно време.
Текстот (Видео) На Крит, како во Сахара, песок го покри познатиот остров, небото целосно ја промени бојата е превземен од МАКФАКС.