На големиот концерт „Македонијо во срце те носиме“ закажан на 7 декември во Филхармонија ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски. Имено, по „Има една земја сонце што ја грее“ публиката во сабота премиерно ќе има можност да ја чуе и „Како пиреј“. Оваа моќна композиција што Николовски ја отпеа во далечната 1994 година на Фолк фест Валандово, пред публиката во Филхармонија, а во придружба на симфониски оркестар ќе ја запее Ламбе Алабаковски.
Освен „Како пиреј“ и веќе добро познатите 12 нумери кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите кои се одржуваа ширум земјата во изминатите речиси две години, на сцената како новитет ќе ги чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интрепретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов. За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.
Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.
Текстот (Видео) На концертот „Македонијо во срце те носиме“ на 7 декември во Филхармонија ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски е превземен од МАКФАКС.