На 20 март, корисник на социјалните мрежи „Икс“ објави две видеа на кои се гледа повеќенаменски борбен авион „Шенјанг Ј-16“ на воздухопловните сили на Народна Република Кина како лета над непозната плажа во непознат град.

Снимката се издвојува бидејќи леталото се наоѓало на прилично мала височина. Не може да се каже на која точна висина летало, но на снимката се гледа дека бил „рамо до рамо“ со дрвјата во близина на плажата, пишува порталот Defence Blog.

Видеото е прегледано над 130.000 пати на Икс.

Defence Blog пишува дека некои набљудувачи ја гледаат снимката како доказ за вештината на пилотот, додека други се загрижени дека тој летал доста ниско. Авионот „Шенјанг Ј-16“ е дело на производителот на авиони Sheniang Aircraft Corporation (SAC), подружница на кинескиот државен конгломерат за воздухопловство и одбрана Aviation Industry Corporation of China (AVIC).

Текстот (Видео) Моќен кинески авион леташе многу ниско: некои воодушевени од вештината на пилотот, други загрижени е превземен од МАКФАКС.