Кошаркарите на Милвоки Бакс ја победија Филаделфија Севентисиксерс со резултат 126:113 на крилата на Јанис Андетокумбо.

Филаделфија целосно потфрлија оваа сезона, имаат многу проблеми со повредите и ноќта зад нас играа без Тајрис Макси, Џоел Ембид, Пол Џорџ, Ерик Гордон, Кајл Лаури и Џеред Мекејн.

Оттука, не е чудно што загубија со двоцифрена разлика од Милвоки Бакс (126:113), но главната улога ја имаше „Грик фрик“, кој имаше 35 поени, 17 скока и дури 20 асистенции.

Адетокумбо го следеа Брук Лопез со 17, Кајл Кузма со 16, додека Гери Трент и Торијан Принс имаа по 13 поени.

Во редовите на Филаделфија најефикасен беше со 28 поени и шест скока Адам Бона, а дабл-дабл забележа Квентин Грајмс со 24 поени и 10 асистенции, Гершон Јабуселе постигна 22.

Стеф Кари блескаше во дербито на Калифорнија, постигна 37 поени во победата на Вориорс во Лос Анџелес над Лејкерси со 123:116. „X“ фактор за Вориорс беше Брандин Подзиемски, кој погоди дури осум тројки за 28 поени, полудејќи ги домаќините со своите удари. На спротивната страна Леброн постигна 33 поени, Ривс 31, Дончиќ 19, со осум скока и седум асистенции. Ривс постигна дури девет тројки.

Лејкерси се четврти со 46-30, половина чекор зад Денвер и победа повеќе од Вориорс, кои изгледаат многу опасни по доаѓањето на Батлер. Го имаат шампионскиот ген и сите ќе сакаат да ги избегнат на стартот од плеј-офот.

Резултати:

Филаделфија – Милвоки 113:126
Вашингтон – Орландо 97:109
Бруклин – Минесота 90:105
Мајами – Мемфис 108:110
Торонто – Портланд 103:112
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 116:123

Текстот (Видео) Монструозен трип-дабл на Јанис, Кари и Поедзиемски ги изрешетаа Лејкерси е превземен од МАКФАКС.