Меган Маркл го направи своето прво појавување во јавноста откако принцот Хари проговори за гласините дека имаат брачни проблеми. Додека Хари престојуваше во Њујорк, Меган престојуваше во Лос Анџелес, каде присуствуваше на гала вечерата на The Paley Honors, организирана од нејзиниот близок пријател Тајлер Пери.
Меган во таа прилика носеше елегантен црн фустан од Оскар де ла Рента, во комбинација со дијамантски ѓердан, а косата и беше крената нагоре.
Пери, кој беше домаќин на Хари и Меган и нивниот син Арчи по нивното пристигнување во Лос Анџелес пред да се преселат во Монтесито, ги именуваше двајцата како членови на почесниот комитет на неговата гала вечер. Настанот беше посветен на прославата на достигнувањата во забавната, медиумската и телевизиската индустрија, собирајќи ги на едно место истакнати личности од светот на филмот, музиката и другите креативни индустрии.
Текстот (Видео) Меган Маркл блесна во црн фустан без прерамки, принцот Хари не беше со неа е превземен од МАКФАКС.