Најмалку шест лица се убиени, а четворица се тешко ранети во масовно пукање во ноќен клуб во градот Вилахермоза, Мексико, јавија мексиканските медиуми.

Според соопштението на локалните власти, вооружени напаѓачи влегле во ноќниот клуб околу четири часот наутро со цел да убијат едно лице, додека останатите се колатерални жртви.

Првичните информации укажуваат дека се работи за мафијашка пресметка. Пет лица загинале на местото на настанот, додека едно лице починало при пристигнувањето во болница.

Напаѓачите побегнале од местото на настанот, а полицијата започнала потрага по нив. Истрагата е во тек.

Текстот (Видео) Мафијашка пресметка во ноќен клуб во Мексико, шест мртви и 10 ранети е превземен од МАКФАКС.