Средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска привлече големо внимание. Покрај фактот дека речиси сите очекуваа одлука во врска со Украина, светската јавност не пропушти ниту еден момент на црвениот тепих, кога Трамп ја изгуби насоката при одење.

Трамп се сретна со Путин во петокот во Алјаска, а главна тема беше војната во Украина.

Нивната средба се одржа во формат три на три и траеше речиси три часа, но сепак, и покрај големите очекувања, не е постигнат конкретен договор.

Потоа корисниците на социјалните мрежи се фокусираа на деталите, како што е прошетката на Трамп по црвениот тепих.

Американскиот претседател излезе од авионот и отиде да се сретне со рускиот лидер. Тој одеше по црвениот тепих до точката означена за нивниот состанок, но во еден момент почна да оди лево-десно, како да го изгубил правецот.

Многумина коментираа дека изгледал како да „се мачи да оди“, од причини што сè уште не се познати.

На Трамп претходно му беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, нарушување на циркулацијата на крвта, во јули откако забележа „благ оток во долните екстремитети“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.

 

Текстот (Видео) Малку лево, па десно – коментари за начинот на кој Трамп чекореше на црвениот килим е превземен од МАКФАКС.