Браселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите. Каталонците во реваншот ја победија бенфка со 3.1 и со вкупен резултат 4:1 се пласираа меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Натпреварот на „Монжуик“ во Барселона беше решен во првото полувреме. Барселона излезе со јасна намера најбргу што може да ги ршеи дилемите околу пласманот во четвртфиналето.
Рафиња ја отвори серијата во 11.минута, меѓутоа Бенфика експресно изедначи, преку капитенот Отаменди. Следуваше потегот на мечот во 27.минута кога асистентот за првиот гол, Ламин Јамал го погоди подалечнитот агол од голот на трубин.
Точка на мечот со својот втор гол стави Рафиња. Бразилецот во 10 натпревари сезонава во ЛШ има постигнато 11 голови.
Барселона во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Лил и Борусија Дортмунд.
Текстот (Видео) Магија на јалам, Барселона рутински ја победи Бенфика е превземен од МАКФАКС.