Наполи со победата против Комо со 3:1 во натпреварот од седмото коло во италијанската Серија А ја зголеми предноста пред Јувентус на првото место на првенствената табела. За тимот на Антонио Конте погодија Скот Мектоминеј, Ромелу Лукаку и Давид Нерес, а за гостите од Комо, Габриел Стрефеца.
Наполи одлично го започна натпреварот. Шкотскиот играч за врска Скот Мектоминеј постигна гол во првата минута на асистенција на Лукаку. Гостите израмнија во 43. минута со голот на Габриел Стрефеца.
Во второто полувреме, Лукаку реализираше пенал за 2:1 во 53. минута, а потоа му асистираше на Давид Нерес во 86. минута за конечни 3:1, со што Наполи ја постигна петтата победа во новата сезона во Серија А.
Мектоминеј и Нерес ги постигнаа дебитанските голови во дресот на Наполи.
Тимот под водство на Антонио Конте е на врвот на табелата со 16 бодови, пред Јувентус кој има 12 бодови и натпревар помалку. Комо е на десеттата позиција со осум бодови.
Текстот (Видео) Лукаку со гол и две асистенции го водеше Наполи до триумф над Комо е превземен од МАКФАКС.