Франција во драматична завршница го победи Египет со 34:33 (18:14) и се пласира во полуфиналето на 29. Светско првенство во ракомет. Херој на Франција е ветеранот Лука Карабатиќ, кој голот за победа, инаку него единтвен на мечот го постигна на две десетинки до крајот.

Франција, актуелен европски првак, многу потешко од очекувањата успеа да го победи африканскиот шампион Египет.

Првиот дел Французите рутински го одиграа, најчесто имаа предност од два гола, а откако Египет успеа да изедначи, во последните две минути експресно постигнаа четири гола и со 18:14 заминаа на полувреме.

Имаа Французите предност од пет гола во вториот дел 19:15 и 24:19 и тука застанаа, како да ги потценија фанатично борбените Египќани.

Египет успеа да се врати во мечот, а драмата практично започна кога упсеа да изедначи. Во последните 15 минути се играше по принципот „гол за гол“.

Франција во последните две минути, по двата гола на Дика Мемвлезе со предност од два гола, но Египет повторно се врати. Драмата кулминираше во последната минута Ремили погоди за предност на Франција, а Јахија Омар на четири секунди до крајот го изедначи резултатот. Следуваше брз пренос на топката, а Карабатиќ од центарот на игралиштето погоди за победа на „триколорите“.

Мем и Ремили со по шест гола ја предводеа Франција, гол помалку постигна Мин. На спротивната страна играчот на натпреварот Хешам постигна осум, а Јахија шест гола.

Франција во полуфиналето ќе игра против Хрватска, натпреварот ќе се одигра во четврток.

Текстот (Видео) Лука Карабатиќ го расплака Египет – Франција избори полуфинале на СП е превземен од МАКФАКС.