По цели 120 минути и пенали, тимот на Ливерпул успеа да го освои трофејот „Карабао куп“ победувајќи го Челзи во финалето. Натпреварот беше многу драматичен уште од првите минути, две екипи се обидуваа да дојдат до мрежата, но никако Кристијан Пулишиќ првично го загрози Ливерпул, но не успеа од непосредна близина.
„Црвените“ се обидоа преку Кеита и Мане, но голманот Менди имаше неколку нверојатни одбрани. Понатаму, Мејсон Маунт имаше неколку златни можности, но сепак не успеа да ги реализираа, а две негови обиди заршија на гредата.
Во изведувањата на пеналите, играчите на двете екипи беа толку непогрешливи што на ред дојдоа и голманите. Во последниот пенал, Кепа Аризабалага не успеа да погоди и Црвените го освоија Карабао Купот. За Ливерпул овој трофеј беше прв по цели 10 години и вкупно 9-ти во ова натпреварување.