Манчестер Сити дојде до тесна победа од 1-0 против Евертон, но целото внимание беше насочено кон одлуката на „ВАР“ да не се досуди пенал, за чист допир на топката со рака на Родри, на крајот од натпреварот.
Тренерот на Евертон, Френк Лампард не го крие своето незадоволство од она што се случи, користејќи неколку силни зборови, во традиционалното интервју дадено на крајот од средбата.
„Дома имам 3-годишно девојче кое јасно можеше да каже дека тоа е пенал. Тоа е голема неодговорност и некој мора да одговара за тоа“, изјави Лампард за Sky Sports.