Хајди Клум успеа повторно да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.
Поранешната манекенка, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц дојдоа облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година. Режисер на филмот е Стивен Спилберг.
Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.
Текстот (Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска е превземен од МАКФАКС.