Сопственичка на кафуле во Англија го преименуваше популарното кафе „Американо“ во „Украино“ во знак на протест против, како што рече, „злоупотребата“ на претседателот Володимир Зеленски за време на неговата посета на Овалната соба во Белата куќа.
Хелен Грегори, која ја води Seahorse Coffee Box на шеталиштето во Ситон Керу, приморски град во источна Англија, објасни дека тоа го направила како поддршка на украинскиот претседател.
На видеото што го сподели на социјалните мрежи, може да се види како на нејзиниот ценовник за пијалоци залепува налепница на која пишува „Украино“ над „Американо“. „Значи, нема повеќе “Американо’, од денес ќе го нарекуваме ‘Украино’“.
Таа рече дека никогаш претходно не направила вакво нешто и ги повика другите кафулиња да го следат нејзиниот пример.
Текстот (Видео) Кафуле во Англија го преименува „Американо“ во „Украино“: „Трамп го злоупотребува Зеленски“ е превземен од МАКФАКС.