Обилните дождови во Бразил предизвикаа лизгање на земјиштето во кои загинаа најмалку 14 луѓе во градовите во областа Баикада Флуминенсе во државата Рио де Жанеиро, соопштија денеска државните и локалните власти, пренесува Ројтерс.
Спасувачите одговориле на 850 повици во последните 24 часа и успеале да извлечат 144 луѓе на безбедно во погодениот регион, соопштија државните власти.
„Повеќе од 70 семејства останаа без покрив над главата. Се обидуваме да обезбедиме засолниште и да изнајмиме хостели за овие луѓе“, изјавил за Ројтерс Лучијано Видал, градоначалник на Парати.
Тој додал дека одроните ги блокирале улиците и изолирале делови од градот, а многу населби во ова туристичко место се без струја.
Лошото време го погоди Рио де Жанеиро во текот на изминатите неколку недели, со лизгање на земјиштето и поплави во областа Петрополис (во ридовите над градот) убивајќи околу 240 луѓе во февруари.
– Очекувавме дожд, беа издадени предупредувања, но, за жал, куќата во населбата Понта Негра се урна. Преживеа само едно дете – изјави функционерот на Паратија, Лучијано Видало.