Додека разорниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени ја погоди Камчатка, туристот и блогер Иван Герасименко се најде на експедициски брод во непосредна близина на епицентарот. Според него, сè се случило ненадејно и драматично – масивни камења почнале да паѓаат од стрмните карпи, а животните реагирале во паника.

„Земјотресот ме затекна во близина на островот Парамушир додека пловевме по малиот остров Анциферов на експедициски бродови од типот Зодијак“, напиша Герасименко на социјалните мрежи, а објави и видео снимено во тој момент.

Според неговиот опис, масивните камења почнале да се кршат и да паѓаат во морето, предизвикувајќи општа паника кај екипажот, патниците, па дури и кај животните во областа.

„Камењата летаа со таков шум што дури и морските лавови скокнаа во водата и долго време кружеа околу Охотското Море од страв“, напиша тој, пренесува Dnevnik.hr.

Блогерот истакна дека сите патници биле потресени.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 150 километри од местото каде што се наоѓал бродот во моментот на ударот.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Камења паѓаат, животни бегаат во водата: блогер објави видео во моментот на разорниот земјотрес е превземен од МАКФАКС.